Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска порача дека граѓаните не сакаат политичари Албанци кои се на црни листи, да ги застапуваат нивните интереси поради криминал. Тој им порача на пратениците од албанскиот блок од опозицијата дека не се кредибилни на тој начин да привлекуваат гласови.
-Имате бегалци, ризикувате партијата многу скоро да ви биде на црната листа поради криминал и не мислам дека Албанците во Македонија сакаат да имаат такви репрезенти. Мислам дека повеќе сакаат да ги проектите на Владата во Тетово, Боговиње, Гостивар, Теарце итн, исто како што ги прави и во другите делови на Македонија. Многу скоро од денеска на избори, граѓаните ќе зборуваат гласно и ќе кажуваат дали се за трговски центри, мајбах автомобили, инстант компании кои што увезуваат јаглен…, рече Мицкоски на седницата на која треба да се избере новиот министер за здравство.
Според премиерот, кандидатот за нов министер, Азир Алиу е негов кандидат. Вели дека тој го предложил и тука нема дилема.