Мицкоски најавува намалување на автомат-клубовите со новиот Закон за игри на среќа

од Nikola Popovski
109 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека е подготвен новиот Закон за игри на среќа после неколкумесечно работење и усогласување. Очекува во наредните 30 дена да ја помине владината процедура и потоа да влезе во Собранието.

-Ќе има многу измени, многу новини и очекувам бројот на таков тип на автомат-клубови природно да биде намален, по усвојувањето на овој закон, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Претходниот предлог-закон за коцкање предвидуваше преместување на коцкањето на 500 метри од образовните и верските институции, истовремено зајакнување на условите и зголемување на вредноста на новите лиценци за казино. Овој предлог закон прво помина во Собранието, но потоа не доби согласност од поранешниот претседател Стево Пендаровски, кој одби да го потпише, поради злоупотреба на европското знаме.

Законот во третото читање не успеа да го помине филтерот на Собранието бидејќи за него гласаа само 51 пратеник, а беше потребно мнозинство од 61 глас. Предлог-законот беше подготвен од тогашната владеачка коалиција.