За двајца поранешни министри има запирање, за Панчо од „ДНК“ прекин на постапката за пожарот во Кочани

од Nikola Popovski
1,1K прегледи

Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски денеска информираше дека за единаесет физички лица се запира постапката за кочанската трагедија, од кои двајца се поранешни министри, поради, како што рече, немање на доволно докази.

-Со оглед дека во понатамошниот дел можеби ќе се обезбедат докази, како за овие и за некои други лица, тогаш може да продолжи. Се работи за двајца поранешни министри за економија, а другите функции во моментов не можам да ги барам бидејќи ќе изгубам време. Обвинението е за целиот временски период. За двајца министри се запира постапката во периодот кога биле министри. Не можам да ви кажам кои и за кои години согласно нашите професионални стандарди, рече Коцевски на денешната прес-конференција. Според него, запирање во постапката има и за екс-директорите на Државниот пазарен инспекторат.

Коцевски изјави дека денеска до Основниот суд во Кочани е поднесено обвинение против 34 физички и три правни лица за кривични дела поврзани со пожарот. Обвинението содржи вкупно 40 страници, а денеска беа прочитани само 10.

За членот на бендот „ДНК“, Владимир Блажев-Панчо има прекин на постапката додека е на лекување. Коцевски разграничи дека запирање и прекин се сосема два различни поими. Прекин на постапката има и за уште едно лице кои почина во трагедијата.

Слични содржини