Претседателот на САД, Доналд Трамп, го коментираше нападот на Израел врз Иран и му се закани на исламскиот режим.
„Му дадов шанса на Иран да склучи договор. Им реков, со најемфатични зборови: „Само направете го тоа“. Но, без разлика колку се трудеа, без разлика колку блиску беа, едноставно не можеа. Ги предупредив дека ќе биде многу полошо отколку што знаеја, очекуваа или им беше кажано, дека Соединетите Држави произведуваат најдобро и најсмртоносно оружје во светот – убедливо – и дека Израел има многу од нив, а наскоро ќе има уште повеќе. И знаат како да ги користат.
Некои тврдокорни во Иран зборуваа смело, но не знаеја што ги чека. СИТЕ СЕ МРТВИ сега – и ќе биде полошо! Веќе имаше многу смрт и уништување, но сè уште има време да се запре овој масакр, бидејќи следните напади што се веќе планирани ќе бидат уште побрутални. Иран мора да склучи договор, пред да остане ништо, и да го спаси она што некогаш беше познато како Иранска империја.
Нема повеќе смрт, нема повеќе уништување – САМО „НАПРАВЕТЕ ГО TOA ПРЕД“ ДА Е ПРЕДОЦНА. Нека Бог ве благослови сите“, рече Трамп на Truth Social.