„Дај ги парите!“ – вработена се соочила со вооружен грабеж во Кавадарци!

од Марта Пешевска
56 прегледи

Маж од Кавадарци, стар 37 години, се сомничи дека ограбил продавница во градот, заканувајќи се со пиштол на вработената. Настанот се случил на 4 јуни околу 23 часот и 10 минути, кога осомничениот влегол во тобако во Кавадарци и со закани успеал да одземе пари од дневниот промет.

Полицијата од Кавадарци (ОВР) поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство против лицето М.Н., за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик. Од СВР Велес информираат дека работата на случајот продолжува, а јавноста ќе биде известена за понатамошниот тек на постапката.

Слични содржини