Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска откри сериозен проблем во општина Гази Баба. Инспекторите од градскиот инспекторат затекнале фирма која незаконски создава голема дива депонија со градежен и опасен отпад. Покрај тоа, компанијата незаконски експлоатира земјиште без потребните лиценци, дозволи и елаборати. Арсовска предупреди дека ваквите незаконски активности претставуваат голема опасност за здравјето на граѓаните и за животната средина.
Таа повика Министерството за внатрешни работи да реагира веднаш, бидејќи непостапувањето и неказнувањето создаваат впечаток дека сторителите се недопирливи пред законот. Дополнително, фирмата со своите активности го оштетила главниот далновод од 110kV, кој снабдува со струја дел од Скопје. Земјиштето каде се случува ова е во сопственост на државата, а сите надлежни институции се известени и се очекува да превземат конкретни мерки.
Градоначалничката нагласи дека не смее да се дозволи да се игнорира оваа сериозна штета и повика на брзо и решително постапување за заштита на градот и неговите жители.