Приведените полициски службеници се лицата за кои СДСМ ги објави сите факти и аргументи во серијалот „Вистината за Кочани“. Без притисокот од СДСМ, јавноста и дел од медиумите немаше да се постапи воопшто. Се потврди дека СДСМ ја зборува вистината за трагедијата во Кочани од првиот ден, порачаа од најголемата опозициска партија преку соопштение.
Од СДСМ обвинуваат дека со месеци министерот Панче Тошковски и директорот на БЈБ, Александар Јанев ги штитеа и ја лажеа јавноста дека нема никаква вина кај полициските службеници кои се директно одговорни за пожарот во кој изгореа 62 деца а над 200 беа повредени. Според партијата, како што велат, за тоа време се остави огромен простор истрагата да биде компромитирана, можно е да биле уништени важни докази.
-СДСМ прашува: Колку докази исчезнаа во меѓувреме додека Тошковски и Јанев ги штитеа нивните полицајци и функционери? Ова е недозволиво однесување и мора да има целосна институционална, политичка и кривична одговорност. Кривична одговорност од Александар Јанев, директорот на Бирото за јавна безбедност, кој ги поставил, им давал наредби. За да не влијае на истрагата и расчистување на случајот треба да си понесе оставка. Истото важи и за Панче Тошковски кој ја штитеше неговата структура во полицијата и тврдеше дека нема вина, стои во пораките од „Бихаќка“.