Деветтиот по ред „Марш на ангелите“ во Кочани

од Nikola Popovski
17 прегледи

И оваа сабота семејствата на настраданите во пожарот во „Пулс“ ќе излезат на деветтиот по ред „Марш на ангелите“. За разлика од досегашните, овој протестен марш во Кочани ќе почне во 18:05 часот како симбол на задоцнетата реакција на институциите.

Учесниците на маршот ќе тргнат од Паркот на револуцијата, ќе продолжат низ трговскиот центар, потоа пред Општина Кочани, а оттаму кон полициската станица и Основниот суд и Обвинителството.

По речиси три месеци од стравотниот пожар со 62 жртви, поднесено е обвинение за трагедијата во дискотеката. Опфатени се 34 физички и три правни лица, кои со години замолчувале пред очигледното кршење на законите и дозволиле објект што не задоволува стандарди да функционира како кабаре. За 13-мина, меѓу кои се ексминистри и директори постапката е запрена, а во меѓувреме, приведени сè уште 13 полициски службеници.

Советот за оценка на обвинителниот акт ќе треба да провери 40 страници обвинение, пред да даде амин за продолжување на постапката во судските инстанци.

Слични содржини