Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон со американскиот претседател Доналд Трамп и го информирашл за неговите разговори со лидерите на Израел и Иран, изјавил помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.
„Фокусот беше ставен на опасната ескалација на Блискиот Исток. Владимир Путин ја осуди воената операција на Израел против Иран и изрази сериозна загриженост за потенцијалната ескалација на конфликтот, што би имало непредвидливи последици за целиот регион на Блискиот Исток“, изјавил Ушаков пред новинарите.
Путин потсетил дека пред ескалацијата, руската страна предложила конкретни чекори насочени кон постигнување меѓусебно прифатливи договори меѓу САД и Иран.
Трамп му рекол на Путин дека американските преговарачи се подготвени да ги продолжат разговорите со иранските претставници.
„Од своја страна, Трамп ја оцени ситуацијата како многу загрижувачка и ја призна ефикасноста на израелските напади врз објектите во Иран“, вели Ушаков.
Лидерите разговарале и за разговорите меѓу Русија и Украина во Истанбул на 2 јуни и за спроведувањето на договорот за размена на тела на паднати војници и затвореници.
Рускиот претседател истакнал дека Москва е подготвена да ги продолжи преговорите со украинската страна.
„Руската страна изрази подготвеност да ги продолжи преговорите со Украинците по 22 јуни. Доналд Трамп ја зеде предвид оваа информација и го повтори својот интерес за што поскоро завршување на конфликтот“, посочил Ушаков.
Рускиот претседател му го честитал на Трамп 79-тиот роденден.
Лидерите уште еднаш го истакнале братскиот дух на двете земји за време на Втората светска војна и изразиле задоволство од односите што ги имаат, кои овозможуваат решавање на актуелните прашања.
Разговорот траел 50 минути.