Министерот за здравство, Азир Алиу за новата функција вели дека не е лекар и нема да оперира срце туку ќе креира систем за да може лекарот и кардиологот да оперира срце во реално време со добри инструменти. Вели дека ќе креира работни групи. Најавува дека секоја среда ќе има брифинзи со новинарите и секоја недела прес-конференција. Најавува исто така голема отчетност.
Новото раководство на ресорот здравство овие денови ќе биде во Кочани за реално да ги согледаат проблемите што ги имаат пациентите од пожарот во дискотеката „Пулс“ и нивните семејства, а утре тој ќе има средба со директорката на болницата во Кочани.
Околу планот за нов Клинички центар и локациите, Алиу вели дека парите ќе бидат од британскиот кредит. Еден од приоритетите е мапирањето, иако, како што вели, и во другите градови има потреба од нови здравствени установи.