ДУИ: Стоиљковиќ ја презентираше Владата застаната рамо до рамо со амбасадорите на Русија и Кина

од Nikola Popovski
23 прегледи

Демократската Унија за Интеграција, остро реагира на последните, како што велат, хибридни активности на инсталациите на „Српскиот свет“ во Владата, кои јавно, и во целосен капацитет во името на Владата, ги промовираат и застануваа во одбрана на руските наративи во земјаава.

-Република Северна Македонија се има обврзано пред своите сојузници дека ќе ги стави на располагање своите алатки и капацитети во одбрана од овие влијанија, и дека ќе го спречи ширењето не само на сопствената територија, туку како партнер на сојузниците и во целиот регион на Западниот Балкан.

Вицепремиерот кој иронично е задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор, и кој нарачува разрешување на Албанци од високи позиции во Администрацијата, очигледно ја има поддршката од премиерот Христијан Мицковски за сите свои активности, нешто што претходно го видовме кога делеше жолти картони на Албанците кои ги посочува Стоиљковиќ дека се созреани да бидат разрешени од позициите во администрацијата, велат од ДУИ.

Но за последниот инцидент, тврдат од партијата, Стоиљковиќ ја презентираше Владата застаната рамо до рамо со амбасадорите на Русија, Кина и нивни земји стратешки партнери, но и заедно со бројните домашни инсталации на српскиот и рускиот свет, а во одбрана на руската агресија врз Украина.

-Премиерот и во овој случај се појави во улога на релативизатор на овој опасен тренд, ставајќи се во заштита на неговиот миленик во Владата.

Оваа позиција на Владата преставува опасен преседан преку кој се врши „нормализација“ на промената на официјална политика на земјава, која треба да ја напушти јасната евроатланска ориентација и да се доближи до алтернативните центри на политичка моќ, предводени од Пекинг и Москва, стои во партиското соопштение од таборот на Али Ахмети.

Руската амбасада претходно сподели фотографии од настанот и објави дека Стоилковиќ бил меѓу гостите.

Слични содржини