Колони на „Богородица“, се чека за влез во Грција

од Nikola Popovski
38 прегледи

Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, велат од АМСМ.

На ГП „Богородица“ во моментов се пуштени три ленти за автомобили кои се упатуваат кон нашиот јужен сосед – како што може да се види од снимките од видеокамерите на Јавното претпријатие за државни патишта поставени на граничниот премин.

Зголемениот проток на возила на граничниот премин со Грција е вообичаен во овој период на почетокот на летната сезона.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини