11
Велика Британија во понеделник соопшти дека ќе воведе нови санкции врз Русија поради војната во Украина, што премиерот Кир Стармер го опиша како дел од координиран потег на земјите од Групата седум (Г7).
Во соопштението на веб-страницата на британската влада се вели дека најновите санкции на Велика Британија ќе бидат насочени кон четири лица, шест субјекти и 20 бродови, вклучувајќи танкери за нафта, компании поврзани со поморската индустрија и добавувачи на стоки за Русија, особено електроника, објави Ројтерс.
Се очекува Стармер да ги изнесе деталите за санкциите на самитот на Г7 во Канада.