22
Европската комисија изрече висока казна од речиси 400 милиони евра на Грција поради неуспешно управување со земјоделските фондови на ЕУ и несоодветни контроли, објави денес порталот Политико.
Брисел ѝ наложи на Атина да плати 392,2 милиони евра од фондовите на ЕУ за системски неуспеси во управувањето со земјоделските субвенции на ЕУ помеѓу 2016 и 2023 година.
Грчката агенција одговорна за надгледување на субвенциите на ЕУ е исто така обвинета дека врши плаќања без доволно проверки или инспекции на лице место.