Три месеци после огромната трагедија која се случи во угостителски објект кој работел нерегуларно и бил толериран од повеќе институции, во Кочани сеуште има угостителски објекти кои работат нерегуларно и се толерирани од повеќе институции, обелодени денеска градоначалникот на општина Кочани, Венко Крстевски со што најави поднесување кривична пријава до Основното јавно обвинителство за узурпација на јавна површина и бесправна градба.
Крстевски жали што на таквите угостители личниот профит им е побитен од безбедноста и здравјето на нивните посетители и жителите во тој дел од градот.
Нагласи дека е даден налог до општинската инспекторка за животна средина да ги провери сите елаборати на угостителските објекти.
* Центар со финансиска помош за Кочани
* Крстевски влегува во трка за градоначалник на Кочани: „На градот му требаме ние – младите“
-Ги прашувам надлежните институции, како што е Државниот пазарен инспекторат, дали се прават контроли и зошто се толерира работењето во дивоградби, како Агенцијата за храна и ветеринарство издала ХАСАП дозвола за објекти што подготвуваат храна ако кујните им се дивоградби и имаат броила за струја што се во непосредна близина на фритезите? Како е можно во тие објекти да има легален приклучок на електричната мрежа и да се прават елаборати што не се соодветни со реалната состојба, слично како во „Пулс“, додаде Крстевски.
В.д. градоначалникот информираше дека во кривичната пријава се приложени документи како пример од судската практика за слична постапка со која се отстранети објекти во други општини. Во меѓувреме, Општина Кочани почнала постапка за отстранување на угостителски објекти во Трговскиот центар во Кочани кои се бесправно изградени на јавна површина.
-Ги повикувам сите институции да си ја завршат нивната задача, бидејки превенција секогаш дава подобри резултати од било која казна, истакна Крстевски.