Денес сведоци сме дека после нецела година, неспособното раководство на ЕСМ, секојдневно го упропастува енергетскиот систем со несоодветно управување. Цела РЕК Битола не е на мрежа, поради пожар во командниот ормар од нередовно чистење и неодржување, и за да го оправдаат своето неспособно раководење, прават сензации со наводни саботажи и заплашување на вработените, велат од СДСМ преку соопштение за денешната состојба во блоковите на РЕК Битола.
Од партијата додаваат: „Може слободно да заклучиме дека токму поради неспособноста на раководството на ЕСМ, оставка си даде и претседателот на надзорниот одбор на ЕСМ и директорот на правниот сектор, не сакаат да бидат дел од бродот што тоне“.
-Ги повикуваме и останатите членови на Управниот Одбор на чело со Лазо Узунчев да бидат совесни и разумни и навремено да си поднесат оставки, да не го упропастуваат ЕСМ, бидејќи за истото ќе одговараат, стои во соопштението од СДСМ.
Утрово Термоблокот 2 во РЕК Битола автоматски е исклучен од електроенергетскиот систем, соопштија од АД ЕСМ, а причината е проработување на заштитниот механизам на блокот, кој се активирал како последица на зголемена температура односно опожарени дрвени елементи во близина на ормарот за електронско управување.
Од секторот за односи со јавност на АД ЕСМ нагласуваат дека со оглед дека станува збор за потенцијална саботажа.