Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Израел врши „валкана работа“ за целиот Запад со напаѓањето на Иран, додавајќи дека има целосно почитување кон Израел што има храброст да го стори тоа.
Во интервју за јавната телевизија ZDF, Мерц појасни дека, според него, Израел во моментов врши „валкана работа“ за целиот Запад.
– Можам само да кажам дека имам многу почит кон израелската армија и израелското раководство што имаат храброст да го сторат ова, рече тој, осврнувајќи се на израелскиот напад врз Иран.
Тој исто така нагласи дека би било добро ако иранскиот режим заврши.
* Каква е бомбата од 13,6 тони што би можела да уништи клучен ирански објект?
* Трамп му дава на Иран 48 часа за „дипломатско решение“ пред одлука за воен напад
– Имаме работа со терористички режим, и внатре и надвор. Би било добро ако овој режим заврши, рече германскиот лидер на маргините на последниот ден од самитот на Г7 во Канада.
Во исто време, тој понуди на дел од владата во Техеран да се врати на преговарачката маса.
– Сè уште постои можност дел од иранската влада, кој е способен да дејствува, да се врати на преговарачката маса и да одржи разговори. Понудата сè уште важи, рече Мерц.
Одлуката зависи од владата во Техеран, рече тој. И ако не е подготвена да продолжи со преговорите, Израел ќе оди до крај, додаде тој.