Сенаторите Џон Корнин од Тексас и Ерик Шмит од Мисури ќе претседаваат со денешното сослушување во Комитетот за правосудство на Сенатот, кое ќе се осврне на прашањето „што точно се случило“ за време на мандатот на Џозеф Бајден и зошто не била покрената уставна постапка за негово отстранување.
Сенаторот Корнин на седницата на Сенатот изјави дека една од главните цели на сослушувањето е да се открие што се случувало зад сцената во клучните моменти од претседателската администрација на Бајден – од граничната криза до повлекувањето од Авганистан, пишува американскиот Фокс њуз.
„Сега е јасно дека претседателот, со месеци, никој не знае точно колку долго, едноставно бил неспособен да ги извршува своите должности“, рече Корнин, додавајќи дека „кој и да ги донесувал одлуките и ги извршувал должностите на претседателскиот кабинет не бил некој што бил овластен од Уставот или од гласовите на американскиот народ“.