Касами ја поддржува идејата за спомен-парк на местото на изгорената модуларна болница

од Nikola Popovski
19 прегледи

Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, запрашан за идејата на граѓанската иницијатива „Нула“ која побара просторот каде што се наоѓаше изгорената тетовска модуларна болница да се трансформира во спомен-парк, рече дека ќе поддржат секаква иницијатива за жртвите од трагичниот пожар.

„Општина Тетово ќе поддржи сè што е поврзано со трагедијата во модуларната болница. Го нагласувавме тоа во минатото, но го повторуваме и сега – бараме од институциите на правдата да го разјаснат овој случај и семејствата на жртвите да ја добијат правдата што ја заслужуваат. Ние, како локална самоуправа, сме подготвени да ја поддржиме секоја иницијатива за барем семејствата на жртвите од модуларната болница да имаат малку духовна утеха“, рекол меѓу другото Касами.

Модуларната ковид-болница во Тетово изгоре на 8 септември 2021, при што загинаа 14 пациенти и членови на семејствата.

Слични содржини