Чешката тенисерка Петра Квитова доби специјална покана за учество на Вимблдон, објавија денес организаторите на турнирот.
Квитова моментално е рангирана на 572-то место на ранг-листата на ВТА и двапати го освои Вимблдон, во 2011 и 2014 година.
Сите други специјални покани за учество во главната ждрепка на Вимблдон кај жените им беа доделени на британски тенисерки, меѓу кои Џоди Бариџ, Хариет Дарт, Франческа Џонс, Хана Клугман, Мика Стојсављевиќ, Хедер Вотсон и Мингае Сју.