Економско закрепнување на Германија во 2026 година

од Vladimir Zorba
14 прегледи

По неколку години криза, економското закрепнување на Германија е веројатно следната година. Сепак, царинската политика на САД продолжува да претставува закана за тоа закрепнување.

Имено, проценката на некои истражувачки институти е дека закрепнувањето ќе се случи следната година. На пример, Минхенскиот институт за економски истражувања (Ifo) процени дека економскиот раст на земјата во 2026 година ќе изнесува 1,5 проценти, што е речиси двојно повеќе од првичната проценка од 0,8 проценти. Покрај тоа, тие очекуваат дека растот оваа година ќе изнесува 0,3 проценти, додека првичната проценка беше 0,2 проценти.

Институтот за светска економија (IfW), со седиште во Кил, процени дека растот ќе изнесува 1,6 проценти, што е за десетина од процентен поен повисоко од нивната првична проценка. Понатаму, тие очекуваат растот оваа година да изнесува 0,3 проценти, додека нивната првична проценка беше дека нема да има раст.

Една од причините за ваквите проценки е најавата на новата германска влада дека ќе ја подобри економијата со низа мерки. Всушност, производството во првиот квартал од оваа година е веќе за 0,4 проценти поголемо, а главната причина за ова е извозот во САД, поголемата приватна потрошувачка и растот на инвестициите.

Сепак, зголемувањето на американските царини би можело негативно да влијае и врз економијата на најголемата европска економија.

Слични содржини