Две лица фрлиле кокаин преку ѕидот на Прилепскиот затвор

од Nikola Popovski
24 прегледи

СВР Битола поднесе кривична пријава против двајца прилепчани поради постоење основи на сомнение дека со возило дошле до Казнено – поправната установа Затвор Прилеп и преку ѕидот, внатре во затворот, фрлиле кокаин.

„СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Д.(21) и С.Р.(23), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекузори“. Пријавените со возило дошле до Казнено – поправната установа Затвор Прилеп и преку ѕидот, внатре во затворот, фрлиле кокаин, кој бил пронајден и одземен, се наведува во полицискиот билтен.