Тачи се приклучува на владеачкото мнозинство? Мицкоски: Се е можно…

од Nikola Popovski
52 прегледи

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска беше запрашан дали владеачкото мнозинство ќе се прошири со лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Тој одговори дека владеачкото мнозинство е стабилно како никогаш досега во последните 15-20 години.

-Апсолутно се е можно и се не е можно. Да оставиме на познатата максима дека политиката е работа на можното, рече Мицкоски на отворање на комплексот „Македонско село“.

Премиерот на овој начин одговори на прашањето дали за Тачи се чува заменик-министерското место во ресорот одбрана кое остана празно откако Алијанса на Арбен Таравари ја напушти Владата.

Пред десетина дена и вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити изјави дека се водат разговори со пратеници од Европскиот фронт за зајакнување на парламентарното мнозинство, но не прецизираше имиња. Сепак, не го исклучи името на Тачи.

Слични содржини