58
Жител на Кавадарци при реновирање во неговиот дом, пронашол 18 парчиња стар експлозив и две парчиња стар фитил.
На 18.06.2025 во 20.40 часот во ОВР Кавадарци, Н.М.(39) од Кавадарци пријави дека при реновирање во неговиот дом, во внатрешноста на ѕидот пронашол 18 парчиња стар експлозив и две парчиња стар фитил.
Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување безбедно ги подигнал предметите, а увид на местото изврши увидна екипа на ОВР Кавадарци, соопшти МВР.