„Правото на говор на советниците е непречено право по деловник за работа на советите во општините во Р.С Македонија. Некултурно, крајно неодговорно, нехумано и деградирачки е постојано да се прави хистерија во советничката сала преку урлање, барање паузи, дофрлување навреди на лична основа среде секое мое излагање на вистината што на ВМРОВЦИТЕ не им иде во прилог“, сподели советникот Аки Акиов од Партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР) по синоќешниот инцидент.
„Немањето емпатија со родителите на загинатите деца како и самосвест и доблест за признавање а не префрлање вина за трагедијата повторно заради истата цел – да се зачува политичкиот рејтинг пред локалните избори на ВМРО е голема срамота. Чашата беше прелеана од советникот Алексов кој што го испровоцира целиот настан својствено за него. Јас не калкулирам со мојот авторитет и рејтинг. Јас не сум „гомнар”, јас сум борец за правда. На Правничката од о.Кочани јавно и се извинувам за ненамерно нанесената повреда“, напиша тој.