1,5K
Уапсен е вработениот во Народна Банка за кого Велибор Манев, еден од обвинетите за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска во судница рече дека е „човекот што го уништил пиштолот со кој Љупчо Палевски ги убил Вања и Панче“.
Од Обвинителството за „СП“ потврдуваат дека лицето З.Д. е лишено од слобода и дека се преземаат и други дејствија.
Манев рече дека се чувствува засрамен, се кае дека бил изманипулиран од Палевски кому душата му ја дал на дланка, му верувал – но бил измамен дека само ќе киднапираат луѓе а всушност следувале убиства. Манев се расплака и побара прошка зашто како што рече – „испаднал будала“.