Кошаркарот на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембањама, ќе биде на сцената на „Fanatics Fest“ заедно со Леброн Џејмс и Том Брејди.
Во оваа пригода, францускиот кошаркар откри дека секогаш запишува прашања за да биде подготвен да им ги постави на искусни НБА играчи како Леброн Џејмс, Кевин Дурант, Никола Јокиќ и други кои се негови идоли.
21-годишникот, исто така, откри дека за време на Ол-стар викендот имал 45-минутен разговор со Никола Јокиќ.
„Имам снимени прашања на мојот телефон за да им ги поставам на луѓе како Кевин Дурант и Леброн Џејмс. Имав можност да разговарам со Јокиќ 45 минути за време на Ол-стар викендот. И си запишувам белешки.“
Французинот додаде: „Кога некој ќе ми каже нешто, не го заборавам. Тоа е навистина вредно за мене.“
Виктор Вембањама е во НБА од 2023 година и следната сезона ќе биде негова трета во најсилната кошаркарска лига во светот. Во претходните две, тој одигра 117 натпревари, со просек од 22,5 поени, 10,8 скока и 3,8 асистенции по натпревар. Има едно учество на Ол-стар натпреварите и беше прогласен за дебитант на годината во 2024 година.
Пред да дојде во НБА, тој играше за францускиот АСВЕЛ Вилербан.