Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, изјави дека неговиот тим ќе ја започне новата сезона во Бундеслигата без сериозен тренинг камп поради учеството на тимот на Светското клупско првенство.
Сепак, тренерот ги посочи и на позитивните аспекти на турнирот.
„Мислам дека има две страни на медалот“, изјави Компани на прес-конференција.
„Постои елемент на тимска кохезија бидејќи тие поминуваат време заедно. Тоа може да ја забрза интеграцијата на играчи како Та и Бишоф, како и на играчи кои штотуку се приклучуваат“, рече тренерот.
„Но, мислам дека постои и контрааргумент бидејќи следната сезона речиси и да немаме подготовка“, додаде Винсент Компани.
Поради учеството во Соединетите Американски Држави, тимот нема да може да работи според вообичаениот предсезонски распоред.
„Ако ги погледнете сите научни истражувања за тоа каков е вистинскиот вид подготовка за секоја нова сезона, ние само ја фрламе таа книга во ѓубре и ќе ја започнеме кампањата со притисокот што го имаме за да победиме на секој натпревар“, рече тој.
„Секако, постојат предности, бидејќи тука можеме да работиме на деталите. Тоа е интересно искуство“, додаде тој.
Баерн Минхен веќе се квалификуваше за следната рунда од Светското клупско првенство по две победи во групната фаза.