Италијанскиот тренер Стефано Пиоли веќе не е тренер на Ал-Наср, објави денес клубот од Ријад.
Пиоли го презеде Ал-Наср во септември минатата година. Клубот од Ријад ја заврши сезоната на третото место во првенството на Саудиска Арабија со 70 бода.
Пред Ал-Наср, италијанскиот тренер ги тренираше Милан, Фиорентина, Интер, Лацио, Болоња, Палермо, Верона, Сасуоло, Пјаченца, Гросето, Парма, Модена и Салернитана.