Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, денес изјави дека „не е сосема јасно“ дали американските напади врз нуклеарните објекти на Иран биле легални.
Калас изјави за Би-Би-Си дека секој што користи сила „мора да оправда дека тоа е во согласност со меѓународното право“.
Кога беше директно прашана дали американските напади врз Иран биле легални, таа рече дека тоа „не е сосема јасно“.
Калас рече дека верува оти американските напади врз нуклеарните објекти на Иран ја вратило програмата наназад.
Сепак, таа рече дека тоа не го „избришало“ нуклеарното знаење на Иран, поради што е потребно дипломатско решение.
Калас рече дека Западот сè уште има други прашања што треба да ги реши со Техеран, вклучувајќи ја неговата програма за балистички ракети, нејзината поддршка за Русија во војната во Украина и европските граѓани притворени во Иран.
„Треба да седнеме и да разговараме за сите овие прашања“, нагласи Калас.