Спасовски: Граѓаните не ги видоа предлозите и ветувањата кои што беа давани пред изборите за поништување на Договорот со Бугарија

од Nikola Popovski
19 прегледи

Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија е понижена, не е горда Македонија како што ја најавуваа пред избори, народот е понижен, истакна пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, за „Тема на денот“ на Сител телевизија.

-Во оваа година многу малку или воопшто не се работи, рече Спасовски, посочувајќи го како пример работењето на Собранието, каде суштински закони речиси нема, а сето друго е измена и усогласување со законите за државната управа.

Спасовски нагласи дека најголем проблем им беше името на државата, кое што не беше сменето од минатата година, а сега во сите законски решенија наместо Република Македонија, влезе Република Северна Македонија, што го покажува лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните не ги видоа оваа година ниту предлозите и ветувањата, кои што беа давани пред изборите за поништување на договорот со Бугарија, за ревидирање на преговарачката рамката со ЕУ. А немаме никакви реформи во ниту една област, истакна Спасовски, додавајќи дека на пример во правосудствто, кое остро беше напаѓано од ВМРО-ДПМНЕ, наместо да има реформа, донесен е закон во којшто е овозможено да се продолжи мандатот на сите судии за неколку години.

-Едноставно една празна година на неисполнети ветувања, празна година на обвинувања дека сите други се виновни само тие не се виновни, година во која што уназадува генерално слободата и во медиумите и во јавноста. Година и на разочарувања заради тоа што големите очекувања носат големи разочарувања. Нема апсолутно никаков напредок, напротив, Македонија е уназадена, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ.

Слични содржини