ДУИ: Законот за правична застапеност е направен според апетитите на Каракамишева

од Nikola Popovski
13 прегледи

Демократската унија за интеграција во соопштение за медиумите реагира на одобрувањето од страна на Владата на Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, кој според нив претставува институционална фарса, а не вистински инструмент за еднаквост.

„Поскандалозен е фактот што дури и албанскиот член на работната група, проф. Мерсим Максути, јавно го отфрли овој закон, давајќи поделено и професионално мислење, во кое го оценува овој предлог како скандалозен, неуставен и непрактичен. Законот не гарантира квоти за најмалку застапените заедници, како што бара Уставот и членот 6, туку ги релативизира колективните права под изговори како „професионализам“ и „компетентност“, истакнуваат од ДУИ.

Според партијата на Али Ахмети, Законот е направен според апетитите на проф. Тања Каракамишева, а не во согласност со реалните потреби на граѓаните незаштитени од дискриминација.

„Беше одобрен само за да биде испратен до Венецијанската комисија, а не да влезе во Собранието за демократска дебата. Овој предлог го избегнува законското санкционирање на неспроведувањето, со тоа што не предвидува никаква форма на институционална или правна одговорност за неговите прекршители. Ова го претвора во пропаганден документ, без правна вредност и практичен ефект. Криејќи се зад сомнително толкување на одлуката на Уставниот суд, Владата намерно избегнува да ги потврди квотите и правичната застапеност како афирмативна акција гарантирана со Уставот“, велат од ДУИ.

Од Владата информираа дека Законот за правична застапеност ќе оди прво пред Венециската комисија, а потоа во Собрание пред пратениците, кога ќе се интервенира и со подзаконски акти. Надлежните тврдат дека по укинувањето на балансерот, вработувањата ќе бидат врз база на компетентност, квалитет и професионалност. Од Владата се сигурни дека новите законски решенија ќе бидат пресвртница во реформата на јавната администрација.

Слични содржини