Еден од најдобрите леви бекови во светот го потпиша договорот на животот

Францускиот репрезентативец Тео Ернандез (27) е нов играч на саудискиот Ал-Хилал, потврди угледниот Л'Екип

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Еден од најдобрите леви бекови во светот, францускиот репрезентативец Тео Фернандез (27) го напушти Милан по шест сезони и реши да ја продолжи кариерата на Блискиот Исток.

Трансферот е вреден повеќе од 30 милиони евра, што Ал-Хилал ќе му ги плати на италијанскиот клуб, додека 27-годишниот Ернандез ќе заработува импресивни 20 милиони евра по сезона, со четиригодишен договор. Вкупната вредност на договорот со тоа надминува 80 милиони евра, што го рангира меѓу најголемите трансфери ова лето.

Ернандез го напушта „Сан Сиро“ во пресрет на последната година од договорот и во средината на своите најдобри играчки години. Зад него е исклучително успешен период во дресот на „росонерите“, во кој одигра дури 262 настапи, станувајќи еден од клучните играчи на тимот што ја освои титулата шампион на Италија во 2022 година.

За жал, Ернандез нема да се сретне со својот поранешен соиграч Лука Модриќ во Милано, кој треба да се приклучи на тимот по завршувањето на клупското Светско првенство во САД.

Имено, пред да дојде во Милано во 2019 година, Ернандез беше член на Реал Мадрид, каде што не успеа да се избори за значајни минути, одигра само 23 натпревари. „Кралскиот“ клуб потоа го позајми на Реал Сосиедад, а „росонерите“ го откупија за 22,8 милиони евра – инвестиција која добро се исплати.

Одењето во Саудиска Арабија означува нова етапа во кариерата на Французинот кој, и покрај бројните понуди од Европа, реши да ја прифати великодушната понуда на Ал-Хилал и да игра во лига која привлекува сè поголем број големи имиња.

Слични содржини