Претставничкиот дом на САД го забрани WhatsApp поради безбедносни ризици

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави денес ја забрани употребата на апликацијата WhatsApp на службени уреди поради безбедносни ризици.

Како што објави Ројтерс, канцеларијата за сајбер безбедност процени дека апликацијата претставува висок ризик поради недостатокот на транспарентност во заштитата на податоците.

„На вработените им се препорачува да користат апликации како што се Signal, iMessage и Microsoft Teams“, рече тој.