Муслиу за „модерен“ пред македонски: Не значи дека јазикот настанува со ChatGPT

од Nikola Popovski
298 прегледи

За амандманот на дел од европратениците за придавката „модерен“пред македонски јазик и идентитет во Извештајот за напредокот на Македонија во ЕУ, аналитичарот Алберт Муслиу вели дека во албанскиот јазик се користи кодифициран јазик, современ јазик и има разни форми на јазикот.

-Тоа не значи дека јазикот настанува со ChatGPT, ќе му кажете дај направи ми еден јазик денеска и од денеска тој постои…Формирањето на јазикот до кофифицирањето е секако подолг период и мислам дека како општество не треба да имаме дилема. Што повеќе имаме дилема околу тоа, им даваме простор на тие што немаат добри намери, да го подигнат на ниво на тензии, а е беспредметно. Секој кој го чувствува македонскиот јазик како мајчин, нема политичка дефиниција или одлука која може тоа да му го оспори или намали. Кај нас поради проблемот со името со Грција, ние како општество се занимаваме повеќе од 30 години со дипломатија. Дипломатијата не се прави на телевизија туку во затворени простории и има преговарање. На крај излегувате со резултатот кој е најидеален ако двете страни се задоволни или незадоволни. Тоа се вика компромис, рече Муслиу во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини