Битолчанец измамен за 22.500 евра – платил за да го вработи синот во МВР

од Nikola Popovski
43 прегледи

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Л.(43) од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „измама”.

„Пријавената во временскиот период од 15.9.2024 до 15.4.2025, со намера да прибави противправна имотна корист, довела во заблуда 64-годишно лице од Битола односно лажно му се претставила дека е вработена во МВР и дека ќе му помогне неговиот син да се вработи во МВР, како и за други постапки. Оштетениот во повеќе наврати и исплатил пари во вкупен износ од 22.500 евра“, информира МВР.

Слични содржини