МВР излезе со детали за пешакот кој беше прегазен речиси пред својот дом на скопскиот кеј, во близина на Паркот на франкофонијата.
„Вчера околу 19.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на пешачка патека во близина на улицата „Ленинова“, мотоцикл „кавасаки“ удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје, по што мотоциклистот избегал од местото на сообраќајката.
Во несреќата со тешки повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот Х.И.(26) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Од здобиените повреди, Ј.Н. починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, порачуваат од полицијата.
Според очевидци, скопјанецот бил прегазен од мотор кој бегал од полицијата.
📷Тешка несреќа на скопскиот кеј: Усмртен скопјанец пред сопствениот дом