Центарот за управување со кризи информира дека до 14:00 часот на 2 јули 2025 година, на територијата на државата се евидентирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои четири се сè уште активни, а два се изгаснати.
Активни пожари:
Прилеп – с. Бешиште: Пожар во приземна мешана шума. Делот од огнената стихија кој се проширил кон с. Градешница (општина Новаци) е ставен под контрола.
Валандово – с. Грчиште до с. Марвинци и Богданци – с. Паљурци до с. Богданци: Пожар во ниска вегетација и грмушки.
Скопје – Визбегово: Пожарот се проширил кон социјалните бараки во близина на хотел „Њу Стар“ на улица 5 и 44.
С. Црешнево – локација Церо Поле: Реактивиран е пожарот во деградирана дабова шума. На терен интервенираат пет шумари од ЈП „Сандански“ со едно теренско моторно возило.
Изгаснати пожари:
Дебар – с. Баниште: Пожар во ниска вегетација и стрниште.
Кичево – населба Бачинци: Пожар во депонија (ѓубре).
Надлежните апелираат до граѓаните да внимаваат и да не палат оган на отворено, особено во близина на шуми и суви површини, поради високите температури и ризикот од нови пожари.