Пожар на Скопско кале

од Milan1
41 прегледи

Шест пожарникари со две противпожарни возила денеска интервенирале во гаснење на пожар што избувнал на локација на Скопското кале во близина на Амбасадата на САД.

Командирот на скопската противпожарна единица, Звонко Томевски, во изјава за „360 степени“, вели дека на локацијата кај Француските гробишта, на поголема површина, гореле сува трева и грмушки.

„Пожарот е изгаснат. Нема причинето друга материјална штета“,рече Томевски.

Слични содржини