ЗНАМ го цитира Костадинов: Им посакуваме среќа на СДСМ и да освојат барем една општина на локалните избори

од Nikola Popovski
92 прегледи

Движењето ЗНАМ излезе со реакција по повод денешната прес-конференција на СДСМ и обвинувањата за стопирањето на судењето против лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.  Според партијата, очигледно е дека, како што велат, СДСМ во крајна безидејност и очајност во понудата на програмски решенија и проекти, во периодот пред почетокот на кампањата за следните локални избори ќе настапува со празни флоскули, лаги и манипулации.

-За овој предмет правдата конечно излезе на виделина. Пред претседателските избори во 2024 година Претседателот Димитриевски рече дека тоа е политички монтиран процес од страна на урбано-политичко бизнис спрега позната во општината. Го бранеше јавниот интерес и тогаш и сега ги застапува интересите на граѓаните. Во текот на процесот помина низ долго патешествие и присуствуваше на секое рочиште пред судот, со сите опструкции од тогашната власт за време на кампањата за Претсетелските и Парламентарните избори. Во таа судска постапка беа презентирани многу факти и аргументи во форма на докази од адвокатскиот тим кои ги побија обвинувањата и потврдија дека тој работел по закон, во заштита на јавниот интерес, соопштија од ЗНАМ и истакнаа дека во овој предмет правдата победи.

На СДСМ им препорачуваат наместо главен фокус во нивното делување да им биде работата на Движењето ЗНАМ, да си се посветат на консолидација на сопствениот двор.

-Како тргнале, се поставува прашањето на нивниот егзистенцијален опстанок после локалните избори. И на крајот, да ја употребиме изјавата на нивниот градоначалник во Струмица. Им посакуваме среќа во кампањата за локалните избори и да освојат барем една општина во Македонија, стои во партискиот став на ЗНАМ.

Слични содржини