Силна експлозија на бензинска станица во Рим, 21 лице се повредени

Експлозијата се чула во целиот Рим

од desk2
18 прегледи

Дури 21 лице се повредени во силната експлозија на бензинска станица на истокот на италијанскиот главен град Рим, јавија светските новински агенции. За среќа, ниту еден од повредените не е во животна опасност, а поприлично тешки повреди задобило само едно лице.

Според пожарникарите, пожарот во населбата Пренестино избувнал откако дошло до експлозија во еден од резервоарите. Експлозијата се чула во целиот Рим.

Борбата со пожарот траеше со часови.