За да можеме да го ставиме во функција системот Безбеден град треба да смениме отприлика шест-седум закони, отпочната е постапка за секој од овие, но не само закони директно поврзани со имплементацијата на системот, туку и закони кои треба да направат суштинска разлика и раздвојување на безредието од претходно со она што треба да го имплементираме како нормален ред и поредок, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тој на прес-конференцијата за резултатите на МВР и сработеното за изминатата година одговорајќи на новинарско прашање за системот Безбеден град што треба да стартува од 1 јануари 2026 година најави поригорозни мерки за прекршоци во сообраќајот, меѓу кои и со конфискација на возило.
-Кривичниот законик не е дирекнто поврзан со системот, но неговата измена и разграничување што е кривично дело, а што прекршок е клучна за да можеме да делуваме превентивно и во насока на она што сакаме да го оствариме, а тоа е намалување на бројот на собраќајни незгоди и намалување на бројот на човечки загуби. Бидејќи граѓаните треба да бидат свесни дека во иднина во однос на оние кои сообено безобзирно управуваат со моторни возила надвор од секаков разум ќе се оди со поригорозни мерки, односно ќе се оди и со конфискација на самото возило, рече Тошковски.
Фото: Локално