Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов по денешната промоција на полигонот „Пепелиште“ на новата техника дадена на ДЗС, се огласи на својот Фејсбук-профил со досетка „Ова лето гранката нема да ми биде потребна!“, алудирајќи на тоа дека е задоволен што е надмината претходната состојба на недоволна опременост.
Тој се заблагодари на ресурсите од Владата, МВР и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
„Дирекцијата за заштита и спасување во својата структура доби 18 прилагодени моќни теренски возила Пинцгауер (дополнително очекуваме уште 5) со резервоари од 1500 литри, 15 прилагодени оклопни транспортни возила БТР 80 со резервоари од 6 тона и 5 оклопни транспортни возила Хермелин со влечни цистерни од 2, 4, 6 или 8 тона. Сите 43 специјални возила се опремени или се опремуваат со моќни водни пумпи со домет на водниот млаз од 25 до 100 метри“, напиша Ангелов.