📹 Полициска бруталност во Ужице: Насилно ја разбија блокадата, влечеа демонстранти по земја и ги прскаа со бибер-спреј

Почнале да ги влечат момчињата во првиот ред на блокадата што носеле српски знамиња и да ги фрлаат на земја.

од desk2
19 прегледи

Ужасен случај на полициска бруталност се случи вчера доцна вечерта во српскиот град Ужице. Полицијата тргна насилно да ја разбива блокадата на магистралниот пат во Крчагово.

Како што пишуваат српските медиуми, граѓаните седеле мирно кога почнал нападот на полциијата. Почнале да ги влечат момчињата во првиот ред на блокадата што носеле српски знамиња и да ги фрлаат на земја. Полицајците користеле и спрејеви за онеспособување – најверојатно бибер-спреј.

Во 8-от ден на блокадите во српските градови, на кои студентите повикаа од големиот собир во главниот град Белград на 28 јуни, имаше и други инциденти, но од далеку помал обем.

Така, планот на граѓаните на Чачак да ја блокираат Ибарската магистрала кај црквата во Прељина беше осуетен, поради големиот број припадници на Жандармеријата, кои биле во целосна опрема за разбивање демонстрации. Се претпоставува дека имало 150 до 200 жандарми.

 

Слични содржини