📸📹 Во Србија хит стана „мунзе сошпа“ на земунските демонстранти

од desk2
29 прегледи

„Мунзе сошпа“ (испревртено за „Зе-мун па-сош“), односно „пасошот“ што „мора да го имаат“ оние што сакаат да ги поминат блокади на луѓето што протестираат против режимот на Александар Вучиќ во Земун, стана вистинска атракција во Србија.

Тој е зелено-син: „Зелено за слободата, сино за Дунав“

Покрај „сошпа“, земунчани станаа вистински хит и со обемот и со нивната блокада која се состои и од трупец на дрво, контејнери за отпад, делови од стари плакари и регали, пластични гајби…

Земун е епицентерот на протестите – откако во саботата во 19 часот ја поставија барикадата, таму речиси постојано има луѓе. А и кога нема, толку голема барикада ни тенк не би можел да ја истурка!

Слични содржини