Силно невреме денеска околу 10 часот го погоди главниот град на Хрватска, Загреб. Најжестоко беше во Нов Загреб, каде силниот ветер урна неколку дрвја врз возила, оштети покрив а едно училиште и кршеше ролетни. Штети има и во другите делови на Загреб. Пожарникарите интервенирале 85 пати.
И во други делови на Хрватска имаше невреме со силен ветер и дождови. За Славонија на сила е црвена тревога, а за остатокот на Хрватска портокалова тревога.
Во Пула, на брегот на Јадранско Море се појави и „водена пијавица“, во Осијек силниот ветер турнал скелиња од зградата на Хрватска пошта, при што оштетил паркирани автомобили.
Кај Шибеник, односно кај островот Каприје, морското невреме превртело еден катамаран и сите патници паднале во морето.
Големата маса што носи невреме се спушта и по Србија. Освен во Бачка, на северот, и во другите делови на Војводина се можни силни дождови, град и силен ветер.
Силни врнежи и ветер се очекуваат и во главниот град Белград.