Руте: Ако Кина го нападне Тајван, ќе бара од Русија да го нападне НАТО

Во поглед на ваквата опасност, Руте вели дека НАТО земјите мора да направат две работи.

од desk2
25 прегледи

Ако Кина почне инвазија на Тајван, би можела да побара од Русија истовремено да отвори друг фронт – против земји-членки на НАТО, вели Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во интервју за американскиот весник „Њујорк Тајмс“.

Напнатоста околу Тајван дополнително се зголеми откако Русија во февруари 2022 година ја нападна Украина, а таа војна се почесто се гледа како можен модел по кој меѓународната заедница би можела да реагира ако Пекинг го нападне Тајван.

„Станува сѐ појасно, и да не се замајуваме – ако Сји Ѓинпинг реши да го нападне Тајван, најпрво би го повикал својот помлад партнер во тоа, Владимир Путин, и би му рекол `Одам во оваа акција, ми требаш за да ја нападнеш територијата на НАТО`“, вели Руте.

Во поглед на ваквата опасност, Руте вели дека НАТО земјите мора да направат две работи – НАТО да стане толку силен што Русија никогаш нема да се обиде да нападне, како и НАТО да соработува со индо-пацифичката регија.

Инаку, Руте досега предупредуваше дека Русија во следните пет години би можела да ја обнови својата воена моќ до ниво од кое, повторно, би можела сериозно да ја загрози безбедноста на територијата на НАТО.

Слични содржини