Нетанјаху го предложил Трамп за Нобеловата награда за мир

Ова е трета посета на Нетанјаху на Вашингтон откако Трамп го почна неговиот втор претседателски мандат на почетокот на годинава.

од desk2
12 прегледи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека го предложил претседателот на САД, Доналд Трамп, за Нобеловата награда за мир. Трамп во Белата Куќа го прими Нетанјаху во обидите за наоѓање решение за крај на војната во Појасот Газа.

Ова е трета посета на Нетанјаху на Вашингтон откако Трамп го почна неговиот втор претседателски мандат на почетокот на годинава. Посетата на Нетанјаху исто така, доаѓа кратко време по примирјето меѓу Израел и Иран постигнато со американска арбитража, како и веднаш по почетокот на преговорите во Катар помеѓу Израел и исламистичкото движење Хамас.

Прашан за преговорите во Доха, претседателот на САД рече дека тие се одвиваат добро. Но јавноста досега не доби конкретни детали.

Предлогот на САД за прекин на непријателствата вклучува 60-дневно примирје, кога Хамас треба да ослободи 10 преживеани заложници и непрецизиран број тела на мртви Израелци што беа земени како заложници.

Додека Трамп и Нетанјаху разговараа во Белата Куќа, пред неа се одржуваше протест, чии учесници го обвинуваа израелскиот премиер за геноцид. Тој, пак, објави дека го номинирал Трамп за Нобеловата награда за мир.

Слични содржини