Во хрватскиот крајбрежен град Сплит утрово, среде силно невреме со ветер, траектот „Петар Хекторовиќ“ удрил во еден голем катамаран и во туристички излетнички брод, кој потоа почнал да тоне, јавија хрватските медиуми.
Според директорот на Пристанишната управа Сплит, Вице Михановиќ, од силниот ветер пукнале јажињата со кои траектот бил врзан за брегот, по што неконтролирано почнал да се движи во пристаништето. Првин се допрел до катамаранот „Крило“ а потоа удрил во голем туристички брод. За среќа, нема повредени.
#Repost @dalmatinski_portal
Snažno nevrijeme u Splitu#dalmatinskiportal #split pic.twitter.com/3mqgDZzyjD— Željko Kisa (@ZeljkoKisa) July 8, 2025
Инаку, околу 8.45 часот утрово, за само неколку минути, наизглед мирното облачно време, во Сплит се претворило во невреме што ретко се гледа. Бурен ветер, силен дожд и град го заплиснале градот. Урнати се повеќе дрвја, а прекината е и струјата во некои подрачја. Многу сообраќајници се претвориле во реки, а сообраќајот речиси целосно бил стопиран.
VIDEO Strašna oluja poharala Split: Ugasio se dan, prizori su nestvarni.https://t.co/s4W3FLCdP5
— DNEVNIK.hr (@DNEVNIKhr) July 8, 2025
Оштетен е и покривот на стадионот „Пољуд“ – ветерот оддувал неколку стотици лексан-плочи од него.
Слично како со траектот, уште неколку бродови на Северното пристаниште се откачиле и неконтролирано пловат во морето.