📽 Пожари пустошат во Франција и Шпанија

од desk2
12 прегледи

Големи пожари избија вчера во делови на Франција и Шпанија, а борбата со нив трае и денеска, јавуваат локалните медиуми.

Во Франција, близу градот Нарбоне, огнот зафати околу 2 000 хектари шуми, затвори делови од автопатот А9 и доведе до евакуација на дело од жителите на едно село.

Состојбата ја влошуваат силните навеви на северозападниот ветер Трамонтана, кој достигнува до 90 км/ч. Повеќе од 1.050 пожарникари, со помош на хеликоптери и ер-трактори се обидуваат да се изборат со стихијата. Веќе има изгорени и неколку куќи и стопански обекти.

Исто толку голем пожар изби и во шпанската провинција Каталонија. Исто така во понеделникот, во националниот парк близу Тарагона изби шумски пожар што веќе опустоши 2 300 хектари шума и ги примора властите да издадат наредба жителите на неколку села да останат затворени дома. Со овие мерки се опфатени околу 2 000 луѓе.

На терен интервенираат повеќе од 300 пожарникари и припадници на Итната воена единица.

Слични содржини